Вчераутро во СВР Струмица, Б.Д. (61) од село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“ против лицето К.Л. (31) од Скопје кој престојувал во Струмица.

Според пријавеното, во 2015 година К.Л. се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, општина Струмица. За таа намена, во повеќе наврати во 2015 и 2016, таа му исплатила надомест од 26.900 евра.

После ова, до денот на пријавувањето, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште, а од парите и вратил само 3 000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.