Околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства се пронајдени и одземени вчера при извршен претрес во домот на А.С.(31) на улица „Ристо Чадо“ во Охрид.
Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Пред неколку дена беа запленеи околу 3.200 парчиња петарди и огномети во Неготино, додека полицијата во акција одзеде над 55 илјади парчиња пиротехника во Битола и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.