Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата Марија Брзакова, мајка и сопруга, која од 18-ти јануари утрово ја нема.

Собраните граѓани заедно со полицијата од утрово пребаруваат по течението на реката Турија, реката Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица, Монспитовско блато, а потрагата ќе продолжи и утре, доколку денеска не се пронајде 28-годишната Марија Брзакова.

Инаку 28 годишната исчазна во саботата на 18 ти јануари. Таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или каков било документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Од полицијата апелираат до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата Марија Брзакова да се јават на телефонскиот број 192.

извор: Струмицанет.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.