Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи, информираат од ОЈО Гостивар.
Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект, соопштија од обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.