Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(40) од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
На 10 јануари во село Франгово, во домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој физички ја нападнал неговата сопруга, по што таа се обидела да избега. После тоа, пријавениот ја заклучил во соба и ја држел три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.