Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица и тоа пет мажи и една жена, за кривично дело насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Службата за односи со јавноста во Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека постои основано сомнение оти лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство.
Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв, се наведува во соопштението.
За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.