Утрово во 11,30 часот на скопскиот аеродром, веднаш по полетувањето падна хеликоптерот со пет лица внатре. Полесно беше повреден само еден од пилотите на леталото. За причините за несреќата допрва ќе се истражува.

Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило.

Пожарникарите спречиле избувнување пожар од превртениот хеликоптер, а веднаш по ова јавноста се запраша за безбедноста на македонските хеликоптери во сопственост на МВР.

Имено хеликоптерите од марката Ми-17 кои чинат некаде околу 20 милиони евра поединечно, а нивните ремонти се прават на секои 10 години последен пат биле на ремонт во 2017 година кога во тоа време министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски.

Дали поради неодговорноста на одредени луѓе и нечии интереси се става во опасност безбедноста на луѓето во овие хеликоптери кои биле ремонтирани во институт кој за прв пат тоа го правел е нејасно.

Инаку Македонија воените хеликоптери досега ги ремонтираше во Литванија, Унгарија и Хрватска тоа го прават во Русија,Босна и Херцеговина тоа го прави во Украина, додека Бугарија самостојно врши ремонт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.