Изутринава во 07,53ч.во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ се донесени четири лица кои се здобиле со повреди во “Макстил“. Во моментов е познато дека еден од нив е во животна опасност и е префрлен на КАРИЛ, додека останатите најверојатно се здобиле со телесни повреди меѓутоа се уште се прават испитувања за да се утврди точниот карактер на повредите, пишува АЛСАТМ.

Сите имаат повреди од изгореници. Настанот се случил околу 06.50ч. кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал се откинала и паднала. Од падот се ослободило стопеното железо кое веднаш предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина. Во моментов пожарот се уште се гасне. За настанот известени инспектори од ОКД, ЕУМНА и Трудов инспектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.