Вистински хаос настанал вчер во 18.30 часот по судир на Пластичарска.
Како што соопшти МВР, на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје.
При незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера.
По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.