По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:

Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.

Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.