Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 18 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И. (22), Н.Б. (23), и Б.Н. (23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р. (21), Р.Ш. (25), А.С.(19), Р.З. (19), Е.М. (19), С.К. (20) и Л.Ш. (21) сите од Скопје, од друга страна.

Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.