Ноќеска околу 04.30 часот пријавено е дека пред казино на улица “Партизанска одреди” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка.

По преземени мерки, констатирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д. (35) и А.Ј. (52) од едната страна и Х.Л. (18), Д.В. (18), К.И. (18), Д.В. (20) и А.К. (20) од другата страна. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош.

Лицата се приведени во Полициска станица и против нив се поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.