Вчера околу 19 часот, пријавено е дека пред кафе бар на ул. Битолска во Демир Хисар, дошло до физичка пресметка помеѓу Д.Ј. (40) од с. Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола, З.М. (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П. (24) од с. Слепче – Демир Хисар и И.Т. (24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица.

Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана.

Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.