Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно е активна. Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки се споделуваат со околу 5.600 членови на групата, објави Сител.
Телевизијата објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу.
Од полицијата велат дека работат на случајот.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот, кратко одговорија од МВР за Сител.
Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање. Откриен беше креаторот, но случајот е заглавен во правосудните лавиринти. „Сител“ се обиде да добие став од Основното јавно обвинителство до каде е стариот, но и дали воопшто преземаат нешто за новиот случај. Засега одговор не добиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.