Две лица се здобиле со убодни рани што им ги нанел 17-годишен малолетник од тетовското село Вешала, по тепачка што вчера се случила во двор од основно училиште во Тетово, информираат од СВР Тетово.
Според полициските податоци, тепачката била пријавена вчера околу 16 часот и 40 минути, а според пријавеното во неа учествувале 17-годишник и К.К. (18), двајцата од тетовското село Вешала од една и В.М. (20), И.М. (24) од Тетово, како и А.И.(19) од тетовското село Сараќино од другата страна.
Малолетникот со остар предмет на В.М. и И.М. им нанел убодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и бил лишен од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица-Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.