Синот на македонски пекар со дуќан во Сандански бил нападнат и претепан од група млади во близина на пазарот во овој бугарски град. Како што објавија бугарските медиуми, инцидентот се случил во понеделникот.
Сведоци на нападот повикале полиција по што неколку минути подоцна полицајците дошле на местото на настанот. На лице место дошле и родителите на нападниот Бранимир, Горан и Марија.
Според изјавите на сведоците, Бранимир одел по тротоарот кога крај него застанал автомобил од кој излегле три момчиња и почнале да го удираат.
Да не реагиравме навреме, момчето веројатно ќе имаше многу посериозни повреди – изјавила продавачка од пазарот што се наоѓа во близина.
Првично не е позната причината за нападот.
Брачниот пар, Горан и Марија, се сопственици ан два трговски објекти во Сандански, фурна каде што го произведуваат лебот и продавница за бели пецива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.