Вчера во 18.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј. П. (42) од с.Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција. Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето. Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.