Две лица од Грција вчера попладне биле приведени во Битола за јавно нарушување на редот и мирот во градот.

Вчера во 16.00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле приведени А.П.(50) и Г.П.(53), двајцата од Р.Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење на предмети. Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен Суд Битола за понатамошно постапување, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.