Видео скандал ја „стресе“ граничната полиција на македонско албанскиот премин Ќафасан.
Гранична полиција е снимена како им зема пари на патниците од Албанија, а сето тоа го обелодени „Алсат“ телевизија.
Ова се случувало подолг период и според нашите информации цел најчесто се патници од Албанија кои доаѓаат на сезонска работа во земјава. Случајот е пријавен во полиција, а на социјалните мрежи се објавени видеоснимки на кои се гледа земањето пари – по 10 евра од секој сезонски работник. Внатрешна контрола на МВР отворила истрага за тројца полицајци со иницијали А.В, А.З и Ш.М., објави Алсат.
Видеото објавено од JOQ Albania, погледнете го во продолжение
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.