Вчера наутро околу 8:00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар А.Ш.(45) од с.Градец, Гостиварско, изведувајки градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри.

По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.