Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.
Според СВР Тетово, гостиварката Џ.С (30) синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини А.А.(32) и Б.О. (46), двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.