Полициски службеници во Тетово во текот на вчерашниот ден привеле две лица поради кражба.
Околу 11 часот и 35 минути, на крстосницата на улиците ‘Видоја Смилевски-Бато’ и ‘Илинденска’ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишната гостиварка М.И. и 45-годишниот скопјанец Д.Г., поради сомнение дека на 29 август околу 18.50 часот извршиле разбојништво во аптека на улица ‘Видоја Смилевски-Бато’ во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следува соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.