Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с. Горна Баница, гостиварско, Ќ.М. (72) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило.

Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.