Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчеравечер во 20.15 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп.
Како што соопшти МВР, патничко возило „крајслер неон“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(41) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.