Ноќеска триесетина минути по полноќ, на Граничниот премин “Меѓународен aеродром – Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел – Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.

Во 00.50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К. (74) од Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.