Полицијата информира за нова измама со купопродажба на половни возила.
„Пријавениот A. M. (37) усно се договорил со Ш. Р. (67) од Гостивар да купи од него патничко возило по што му дал дел од парите и ветил дека преостанатиот дел ќе му го даде по проверка на исправноста на возилото кај механичар. По тоа, пријавениот не се јавувал на повиците, а возилото го компензирал за производи со лице од селото Арачиново, Скопско, соопшти МВР.
По преземените мерки, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а А. М. е приведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.