Вчера попладне во СВР Тетово, Х.А. (39) од село Градец, гостиварско, пријавил дека на автобуската станица во Тетово физички бил нападнат од Б.Н. (32) од с. Добридол, гостиварско, а потоа противправно бил лишен од слобода во работилница на Б.Н., каде бил и М.Н. (36).
Според пријавеното, причина за физичкиот напад биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Подоцна, Б.Н. сам се пријавил во полициска станица, а М.Н. бил приведен.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.