Жител на Гостивар е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ги нападнал поранешната сопруга и нејзиниот малолетен син. Полицијата работи на расветлување на овој случај и мотивите за пријавеното насилството.
Доцна синоќа (28.05.2021) во 02.30 часот во Полициската станица Гостивар, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходниот ден нејзиниот сопруг Х.Ф. физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син од претходниот брак – информират од СВР Гостивар.
Набрзо по пријавата, Х.Ф. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Откако случајот ќе биде целосно документиран против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.