Уапсен и задржан во полициска станица е гостиварец, откако бил пријавен дека нападнал вработена во гостиварската Брза помош. За насилното однесување, тој ќе заработи и соодветна пријава.

Според информациите на СВР Тетово, ноќеска, 20 јули, околу 1 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане. Тој, дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во простории.

Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.