Синоќа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар.

Како што сооптува МВР, кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.