Дваесетгодишен гостиварец синоќа е лишен од слобода откако бил пријавен дека во два наврати тепал девојка и најверојатно ќе биде осомничен за физичко насилство.

Според СВР Тетово, вчеравечер (12 јануари) околу 22 часот и 45 минути на улица „Ленинградска“ во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.М. (20) од Гостивар. Тој, претходно во два наврати на улиците „Мара Угринова“ и „ЈНА“ во Гостивар, физички ја нападнал гостиварката А.М. (22) од сè уште непознати причини.

М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.