Пожар изби вечерва во поле во близината на Кочани. Пожарот се простира од селото Уларци, до Оризари, јавува „САКАМДАКАЖАМ.МК“ потпирајќи се на изјава на СВР Штип.

Не е познато како изби пожарот, се знае само дека горат полињата од Уларци до Оризари. Пожарната екипа е на терен, но проблем прави ветрот кој го засилува огнот. Во овој момент не можеме ништо повеќе да ви кажеме, изјавија од Штипската полиција за порталот.

Ветерот кој дува во таа област, прави дополнителен проблем на пожарникарите во обидот да го локализираат пожарот. Тие спречуваат оганот да не се рашири по селата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.