Попладнево избувна голем шумски пожар на падините на Осоговските планини, во близина на селото Лешки.
Силниот оган бил забележан денес околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари.
Во пожарот се оштетени овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.
На терен се излезени сите екипи и возила на Територијалната противпожарна единица од Кочани кои интервенираат во гаснењето на огнената стихија, а поддршка имаат од вработени и механизација на комуналното претпријатие „Водовод“, од шумското стопанство „Осогово“, од Дирекцијата за заштита и спасување и од други институции.
По тешкотија во локализирањето на пожарот е непристапноста на теренот и ветерот што се засилува, поради што екипите кои интервенираат ќе останат и во текот на ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.