Пожарите во државава не стивнуваат. И денес според последните информации на Бригадата за противпожарна заштита во Скопје, активни беа пожари на четири локации. Гореше покрај стариот пат за скопското село Арачиново, потоа во селата Осинчани и Елово, но и на дивата депонија кај селото Визбеово.
Екипи на бригадата за противпожарна заштита со неколку противпожарни возила се обидуваа да го изгаснат пламенот. Засега сеуште не се знае колкава е материјалната штета предизвикана од пожарите ниту пак тоа дали полицијата има осомничено лица. И натаму останбува дилемата зоштио во овој период од годината како никогаш досега се случија многу пожари кои проголтаа големи пространства со дабова и борова шума.
Досега според последните податоци на полицијата деветмина подметнувачи на пожари заработиле кривичи пријави. Минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го повтори ставот дека освен од невнимание и бизнис интереси, пожарите се поднетнуваат и од политички причини, и дека тоа е терористички акт.
И додека пожарите беснеат, без разлика дали се предизвикани од човечки фактор или не, мака мачат и пожарникарите. Освен што работат со застарена опрема, нема ниту доволно кадар.
Бројките на Дирекцијата за заштита и спасување се загрижувачки. Податоците покажуваат дека државава има само половина од потребните професионални пожарникари: наместо еден пожарникар на најмногу 1.500 жители, лани имало 747 пожарникари, односно еден на 2.778 жители, што е ипод секаков просек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.