Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.
Оттаму нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминала една екипа од противпожарно возило со двајца пожарникари а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место.
Според првичните информации што ги имаат, најверојатно станува збор за човечки фактор.
Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.