Пожар избувнал утрово во куќа во Кавадарци. За среќа не настрадал 70-годишниот сопственик.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов изјави дека интервенирале веднаш по дојавата и спречиле огнот да не предизвика катастрофални штети врз куќата, но и да не се прошири на околните објекти.
Од Брзата помош во Кавадарци потврдија дека го однеле сопствениот на куќата во болница, но оти тој не бил повреден, освен што бил исплашен и вознемирен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.