Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на кровна конструкција на зграда на улицата „Сава Ковачевиќ“ во близина на кумановската болница.

Од Територијалната противпожарна единица во Куманово денеска информмираа дека нема повредени лица. Оттаму велат дека пожарот првично настанал од запален оџак по што се проширил на кровот.

Според командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски, пожарникарите интервенирале со едно возило во периодот од 20:50 до 00:50 часот.

Вторпат интервенирале седум колеги со две возила од 01:30 до 07:05 часот утрово. Ја пробиле трската под покривот, се додека пожарот не бил ставен под контрола и изгаснат, изјави Илиевски.

Викендов, пожарникарите гаснеле пожар на викендица во селото Горно Којнаре, а интервенирале и на запалена бандера на „Никуљски пат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.