Утринава пожарникарите во Скопје гасеа запален автомобил. Според информациите Противпожарната служба денеска била повикана на улицата „Девол“ бр.50. Акцијата за гасење на огнот во патничкиот автомобил траела во периодот од 09 часот и 10 минути, до пет минути до 10 часот, а биле вклучени едно возило и тројца пожарникари. Причинета е материјална штета од 30.000,00 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.