Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани три поголеми пожари на територијата на Република Македонија.
Околу 11.40 часот било пријавено дека на местото викано “Дворишка река“ атар на с.Двориште-беровско, настанал пожар, кој зафатил ниско стеблеста шума и сува трева.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.
Во 19,30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека настанал пожар во с.Скудриње на место викано “Вејзина нива“ при што горело ниско стеблеста шума и дрвја.
Пожарот бил локализиран од страна на Противпожарна единица-Дебар во содејство со вработени од Национален Парк -Маврово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.
Петнаесет минути подоцна Б.А. пријавил дека над скопското село Љуботен настанал пожар, при што гореле дрвја и околу три хектари сува трева.
Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита и локалните жители пожарот бил изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.