Игор Југ, обвинет за настаните на 27. април во Собрание, доби казна затвор од времетраење од 12 години. Тој кажа дека нема намера да бега од земјата и да ја остави неговата сопруга, која без него би останала самохрана мајка.

Постојат две предавства што човек може да ги направи. Првото е да си ја предаде татковината, а второто е да си го предаде семејството. Многу сум горд што никогаш не сум ги предал моите две татковини. Вие оценете дали сум човек кој би предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка на четири малолетни деца.

Финансиската состојба ми е, што би рекле во Куманово, „голо куче би побегнало“. Терористи се кријат во африкански, јужноамерикански држави. Својата слобода ја плаќаат со милионски суми. Со што би ја платил слободата? Би дресирал кучиња на Орбан? Се чувствувам понижен, требаше и јас 15-ка да изедам. Немам што да ви кажам. Ќе ве поздравам на мојот мајчин јазик „За дом спремни, увјек и навјек, рече Југ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.