Вчера на 51 година почина Горан Стојмировски – Жути, позната личност во македонскиот мото свет.
Како што соопшти МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон с.Пуста Брезница, скопско, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(51) од Скопје, излетал надвор од патот. Во несреќата мотоцикистот се здобил со тешки телесени повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
Голем број на негови пријатели со неверување се простуваат од Стојмировски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.