Вчера во 9:15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.