Изутринава 4.30 часoт на кружен тек на булевар „Никола Минчев“ во Кавадарци патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(24) од с. Веничани, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.А.(26) од Скопје која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител ,а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.