Вчераутро на регионалниот пат с. Кривогаштани- с. Житоше, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К. (40) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К. (43) од с.Локвени, прилепско.

Во незгодата, возачот на возилото „Голф“, Ј.К. се здобил со тешки телсни повреди, додека возачот на возилото „Пасат“ се здобил со телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.