Во тек е голема полициска акција во скопската населба Карпош, каде што пред два дена во хотелот „Александар Палас“ се случи престрелка помеѓу две криминални групи. Неофицијално, двајца се приведени, а уште двајца биле на распит утрово. Приведените кои моментно се наоѓаат во станица наводно пишувале заканувачки пораки кон полицијата, велејќи дека таа е виновна што се пукало кон нив, дознава телевизијата „Телма“.
Повеќе полициски џипови со припадници на ЕБР го вршат апсењето на лицата кои што во моментот биле во „Александар Палас“.
Во населбата Карпош има силно полициско обезбедување каде што се врши контрола на возилата.
Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ се случи вооружена пресметка помеѓу де криминални нарко групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.