Денеска околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци цивилни полицајци блокираа една од коловозните ленти. Според очевидци биле запрени комбе и патничко возило ауди.
-На аудито прозорецот беше скршен. Полицајците беа во цивилка, со трака на раката. Беа вооружени. Едната лента беше блокирана – вели очевидец за Република кој поминувал во клисурата во тој период.
Од МВР не откриваат за каква акција се работи.
-Засега немаме информации – ни одговорија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.