Од вчера попладне активен е голем шумски пожар над село Белица, кај Македонски Брод. Од огнената стихија зафатена е борова шума и поради тешко пристапниот терен, постои опасност од негово проширување.

Веќе втор ден над село Белица-Бродско беснее голем шумски пожар. Опожарена е површина обрасната со борова шума и поради тешко пристапниот терен е, речиси невозможно да се интервенира од земја. Причината за овој пожар се уште не е утврдена, но се работи за човечки фактор или гром кој го поттикнал овој пожар, изјави Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски брод.

Тој најави скорешна интервенција на пожарот со авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.