Горат дуќани во Трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица, објавија струмичките медиуми. Пожарникарите во моментот се справуваат со пожарот. Опожарени се дуќани на приземјето од Трговскиот центар… Повеќе информации подоцна…


Противпожарните екипи во моментов гасат во продавниците во приземјето на трговскиот центар Глобал, објави струмичката ТВ Вис.

Според нив, во моментов во пламен е продавницата Џо-Го, но се зафаќаат и други дуќани во близина.

Во моментов не може се утврди од каде почнал пожарот и која е причината за настанувањето.

-Огнените јазици што се кренаа над градот ги вознемирија струмичани и алармираа да се соберат голем број граѓани пред трговскиот центар, објави телевизијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.