Против пожарните екипи заедно со месното население го гаснат пожарот кој доцна попладнево избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово во беровско. Како што информира Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е алармантна и бара активност на целокупното население.
Наши екипи се веќе на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопштил Ајтовски.
Повеќе детали за пожарот се најавени за во утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета. Очекувањата на командирот на беровската противпожарна единица се пожарот да биде изгаснат што поскоро, но ситуацијата е отежната зашто е темно.
(Извор – Слободен печат )
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.