Големиот пожар избувнал денеска во борова шума во селото Селце во близина на манастирот Свети Димитрија. Пожарот бил причина да бидат евакуирани 500 ученици кои биле на екскурзија.
Наставниците го забележале пожарот, по што веднаш ги информирале надлежните и безбедно го напуштиле местото. Пожарот до манастирот е ставен под контрола, но и натаму гори огромен дел од Селечка Планинја.
Во моментов пожарникарите се на терен и се борат со оганот.
За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот Св. Димитрија, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјавил градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.